Претседателот на Венецуела Николас Мадуро најави дека новата национална крипто-валути ПЕТРО која е прва од ваков вид во светот, ќе може да се конвертира во руски рубљи со што ќе добие зголемена вредност и шанса навистина да профункционира во реалната економија.

Мадуро изјави дека ПЕТРО е крипто-валута на Венецуела која се базира на извозот и трговијата со нафта на оваа латино-американска земја која се најде под жестоки санкции на САД поради својот пркос и одбивање да „игра“ по глобалните правила.

Со цел да се спаси националната екомонија се создаде ПЕТРО но, државата и натаму тоне во тешка сиромаштија, додека пак политичките и граѓански слободи се речиси целосно задушени под власта на бруталниот Мадуро кој не се откажува од претседателството.

Мадуро исто така ја стави на располагање нафтената крипто-валута ПЕТРО на земјите од ЕУ за купување со евра, но тешко е да се замисли дека било кој сојузник на САД ќе си дозволи таква авантура.

Можноста е достапна и на турците со лирата и на кинезите со јуанот, а заработката ќе се очекува со движењето на цените на тргувањето со нафта што според состојбите на светските берзи гарантира солидни приноси.