(Време за читање 6 минути)

Да продолжиме таму каде што застанавме. Во првиот дел  прочитaвте некои историски факти за раѓањето на парите и раѓањето на криптовалутите. Потоа ги разгледавме двата најголеми кандидати во криптовиот свет Биткоин и Етериум – нивните заеднички карактеристики и разлики. Во вториот дел од статијата истражувачите се насочија кон предностите и недостатоците на Биткоин и Етериум, според кои може да се направи крајната анализа, и да се види дали Биткоин и Етериум претставуваат добра инвестиција за во иднина. Повторно ова се само анализи, а не финансиски совет. Ако се обидувате да инвестирате во Биткоин или Етериум , секогаш побарајте професионален совет и вложете онолку пари колку што можете да си го дозволите да изгубите. Ајде да видиме што произлезе од истражувањето:

Излез од старото, влез во новото

За да формираат силна прогресивна анализа, истражувачите одлучија да интервјуираат неколку блокчеин експерти, како и трговци со криптовалути. Секој од експертите беше запрашан за веројатноста за појава на разни макро настани кои би можеле да влијаат на побарувачката за секоја криптовалута, а исто така да го оценат нивото на влијание што секој настан може да го има врз двете криптовалути со помош на користење на скала од 5 точки, почнувајќи од Многу ниска, Ниска, Средна, Висока и Многу Висока оценка. Тие се согласија дека макро настаните и нивото на влијание што секој настан може да го има врз нив е Ниска за Биткоин и Средна за Eтериум.

 

 

 

Нови пазари

Интересна работа што ја дознаа, беше дека криптовалутите може да бидат поуспешни во земјите со помалку развиена финансиска инфраструктура, но со голема употреба на паметни телефони. На пример, во Кенија над половина од националниот БДП се управува со помош на дигитална валута. Други земји што доживеале значителна девалвација на нивната национална валута, исто така, би можеле да ги искористат предностите на ефикасноста што се нуди од криптовалутите , во смисла на движење на пари во и надвор од земјата. Севкупно, потенцијалното влијание на прифаќањето на нови пазари е веројатно да биде порелевантно со Биткоин, кој претставува најшироко прифатена криптовалута .

Навлегување во Финансиските институции

Многу финансиски институции покажаа подготвеност да експериментираат со блокчејн технологијата. Сепак големите финансиски институции покажаа неподготвеност да ги усвојат специфичните валути на Биткоин или Етер. Додека блокчејн технологијата најверојатно ќе биде усвоена од страна на финансиските институции за време на петгодишниот период. Мала е веројатноста дека Биткоин или Етер валутите ќе бидат широко прифатени од страна на големите финансиски институции.

Главна регулатива / дерегулација

Биткоин имаше огроман корист од големата попустливост од страна на западните земји, но е предмет на повеќе ограничувања во Азија. Забраната на Биткоин во Кина доведе до значителна депресија во цените на Биткоин низ целиот свет. Спротивно на тоа, од многубројни извори е заклучено дека со цел да се постигне широко распространето усвојување меѓу финансиските институции, мора да постои регулатива за да се обезбедат безбедни и сигурни трансации.  Глобалната дерегулација ќе влијае на Биткоин и Етер во различни степени. Биткоин кој се тргува исклучително  како валута, ќе забележи значителен пораст на вредноста, овозможувајќи пристап на бројни пазари и олеснување на трансакциите, додека Етер веројатно ќе добие  поголема вредност како резултат на широко распространетото усвојување и намалување на ограничувањата со нивните паметни договори. Внатрешната вредност на валутата Етер не мора да значи дека ќе расте, но широкото прифаќање на Eтериум мрежата, најверојатно ќе се зголеми, што доведува до голема побарувачка за паметните договори и Eтериум.

Главен мрежен компромис

Во екосистем кој промовира високо сложена и анонимна размена на податоци, можноста за големи мрежни компромиси се чини дека е голема. Неодамнешниот пример на DAO (Децентрализирана автономна организација), нападите кој предизвикал 3,6 милиони Етери да бидат пренесени нелегално во алтернативен DAO, укажува на можноста и потенцијалната сериозност на таквите напади. Постои можност од 51% напад врз вредноста на Биткоин, а тоа е претежно од засегнатите страни, но можноста за голем напад е малку веројатно да се случи, благодарение на цврстата рамка на Биткоин. Единствен исклучок е неуспехот на Биткоим менувачницата  Mt.Gox. Спротивно на тоа, Етер веќе доживеа значаен напад, што доведе до вилушка или поделба  помеѓу Eтериум и Етериум Класик. Во Eтериум мрежата ризикот од голем напад  е многу поголем поради поголемата слобода во мрежата. И исто така, секогаш постои ризик од големи напади на менувачниците каде се тргува со Биткоин и Етериум.

Глобални економски настани

Биткоин се користи строго како дигитална валута. Затоа Биткоин може да се очекува да има спротивен однос со состојбата на глобалната економија. Места или земји кои имаат лоша финансиска инфраструктура или многу надуени валути(голема инфлација), се со поголема веројатност да го идентификуваат Биткоинот како алтернативна мерка за трансакција. Етер, исто така, треба да има спротивен однос со глобалната економија, поради истите фактори и плус неговата иновативна природа на мрежата Етериум. Вредноста на Биткоин е со поголема веројатност да дејствуваа на ист начин како и стоките, а вредноста на Етер треба да се поврзе поблиску со широкото прифаќање на мрежата и паметни договори.

Навлегување во е-трговијата

Постои потенцијал за е-трговијата, позитивно да влијае на вредноста на Биткоин и Етер. Сепак Биткоин е подобро позициониран да се користи во овие трансакции. Сегашните платежни системи се поставени така што има повеќе точки, што доведува до скапи трансакции и долги временски периоди на обработка. Криптовалутите ја елиминираат потребата за овие постапки за верификација и намалување на времето на трансакцијата. Биткоин изгледа конкретно корисен за да ги минимизира овие трошоци.

Навлегување во финансиската технологија

Апликациите за блокчејн за финансиската технологија се поповолни за платформата Eтериум, бидејќи Етериум е пофлексибилна платформа,  за овие институции да ги извршуваат своите операции. Главната корист која се постигнува е сигурна трансакција.

 

Квантитивна анализа

За да се состави квантитативна анализа, беа направени неколку поедноставни претпоставки за да се помогне во создавањето на 5-годишен предвидлив модел за цената на секоја криптовалута. Истражувачите користеа симулација или веројатност на Монте Карло техника (техника која се користи за разбирање на влијанието на ризикот и неизвесноста во финансиските, проектните, трошоците и други модели за прогнозирање). Тие извршиле над 100 симулации за да соберат очекуван принос на секоја криптовалута по 5 години. Резултатите покажаа дека Биткоин го надминува Етериум со 16%. Биткоин 58%, Етериум 42%.

Инвестициона стратегија

Земајќи ги во предвид различните анализи што ги извршиле, истражувачите даваа тежина на секоја анализа. Резултатите од регресивната анализа беа прилично позитивни, но тие во голема мерка го намалија нивото на резултатите во севкупните критериуми за донесување портфолио, поради нејзиното ограничување и дадоа само 5% тежина. Поради напредната природа на методот Монте Карло и неговата способност да се вклучат мноштво фактори кои потенцијално би можеле да имаат улога во текот на следните пет години, тие го распределиле останатиот дел од  тежинските фактори во оваа анализа. Исто така, тие додадоа три различни под-критериуми за резултатите од анализата. Еве ја табелата што го покажува влијанието на секој од тежинските фактори кои влијаеа во портфолиото.

Тип на анализа Тежина Резултат – БТК Резултат – ЕТХ Влијание врз портфолиото
Регресија 5% 300% раст во текот на 5 години 506% раст во текот на 5 години 0% до БТК

5% до ЕТХ

Монте Карло – споредбен фактор 40% 58 (победи) 42 (победи) 23,5% на БТК

16,5% на ЕТХ

Монте Карло – Очекувани загуби 25% 38 (загуби) 46 (загуби) 15,5% до БТК

9,5% на ЕТХ

Монте Карло – Просечен очекуван принос 30% 42% (враќање во  следните 5 години) 20% (враќање во следните 5 години) 30% до БТК

0% до ЕТХ

ВКУПНО 100%     69% до БТК

31% до ЕТХ

 

 

Биткоин , 69% Етереум , 31%

 

Заклучок

Како што можете да видите од резултатите од анализата, Биткоин е постојано подобар изведувач, сепак  Етер докажа дека исто така треба да се земе во предвид.  Земајќи ги во предвид сите фактори кои се направени со оваа анализа, доколку се решите да инвестирате според оваа анализа, тогаш треба да инвестирате 69% во Биткоин и 31% во Етериум, со цел да го максимизирате вашето враќање на инвестицијата во следните 5 години. Со оваа анализа и сите фактори кои беа земени предвид, беше заклучено дека Биткоин веројатно ќе доживее поголем раст во периодот од 5 години.

Ви благодарам што читавте

Регистрирајте се на мојот блог   http://darkoonlinetips.blogspot.com/

Следете ме на Фејсбук                      http://bit.ly/2zDUBpp