Џејсон Блумберг ит експертот 0бјави статија во „Форбс“ во која предупреди дека илегалното тргување со криптовалути е најголемата закана во 2018-та и дека треба со закон да се забрани.

“Минатата недела напишав статија за илегалното тргување со криптовалути – за тоа како хакерите вградуваат софтвер за трансакција на криптовалутите во деловните мрежи, личните компјутeри и други уреди. Се обидов да предупредам и го нареков тоа најголемата закана во 2018-та. Но не отидов премногу далеку“, пишува Блумберг во новата статија за „Форбс“.

По долго размислување, Блумберг дошол до заклучок дека илегалната трговија со криптовалути е толку застрашувачка што би требало да се укинат сите криптовалути.

Една од причините е поради тоа што областа на криптовалутите е толку подложна на илегална трговија. Накратко, тоа значи дека било кој на интернет може да работи со криптовалути, да ги продава, купува или „копа“/создава со помош на посебен софтвер.

Додека експертите за сајбер-безбедност се борат со типичните хакерски напади, сотферот за создавање на криптовалути технички не е малиген и може да се вгради во секој компјутер. Се додека тој компјутер има пристап до интернет, хакерите кои го вградиле софтверот можат без проблем да работат со криптовалутите“, смета Блумберг.

Блумберг заклучува дека во светот на криптовалутите остануваат две опции: воведување на дозвола за работа или во целост укинување на криптовалутите: „Уживајте во светот на тргување на криптовалути без дозвола додека можете, затоа што деновите се одброени“, предупреди Блумберг.