Акциите на европските берзи се во пад втор ден по ред, бидејќи политичката криза во Италија ги намалила апетитите на инвеститорите за преземање на ризици.

Во раното тргување, италијанскиот главен индекс “FTSE Mib” паднал на 9-месечен минимум, односно на 1,6 проценти.

Акциите на италијанските банки паднале за дополнителни 2,5 проценти, откако во понеделникот изгубиле дури 4,0 проценти од вредноста. Банките “Интеза Санпаоло”, “БПЕР Банка”, “Укикредит” и “УБИ Банка” значајно паднале и тоа во распон од 3,4 проценти до 3,7 проценти, додека акциите на “Посте Италиане” паднале за 4,5 проценти.

Паневропскиот индекс “STOXX 600” ослабел за 0,8 проценти, при што акциите на банките забележале најголеми загуби.

Политичката криза во Италија се проширила и на пазарите на другите периферни членки на еврозоната, поради што акциите на шпанските и португалските банки се исто така во пад. Во Азија, индексите исто така е се пад, при што јапонски “Nikei 226” паднал за 0,6 проценти, јужнокорејскиот “Kospi” за 0,9 проценти, а за исто паднал и хонгконшки “Hang Seng“.

Италија ни по 12 недели од одржувањето на парламентарните избори, што е рекорд во историјата државата, и натаму нема влада, а земјата зоврела поради одлуката на претседателот Серџо Матерела без преседан – да го одбие предложениот министер за финансии, инаку евроскептик, поради што мандатарот Џузепе Конте го вратил мандатот.

Партиите повик уваат на предвремени избори, а Матерела вчера именувал нов мандатар за состав на новата влада – поранешниот службеник на ММФ, Карло Котарели.