Кроациа осигурање успешно ја започна 2018 година. Според кварталниот извештај на компанијата, првото тромесечие е завршено со нето добивка од €12,88 милиони што претставува огромен скок во однос на минатогодишните €7,76 милиони.

 

77,8% од вкупните приходи отпаѓаат на заработената премија која изнесува €93,96 милиони и е зголемена за 32,3% во однос на минатата година. БПП во секторот на неживотно осигурување изнесувала €97,1 милиони и е зголемена за 18% во однос на првиот квартал од минатата година. Во пораст е и БПП на животното осигурување, 20,3%, и на крајот од март изнесувала €33,9 милиони.

Исплатените штети учествувале со 45% во вкупните трошоци на компанијата. БИШ е 24,1% поголема во однос на првото тромесечие од 2017 година и изнесува 47,2 милиони.

Подобрен е и комбинираниот сразмер е подобрен за 10,9% и изнесува 89,2%.