Околу 30 отсто од работниците ќе бидат отпуштени, а ќе се намали и развојот и продуктивноста поради Законот за неработна недела, предупредува бизнис секторот. Претставниците од прехрамбената индустрија, градежништвото и од спортските обложувалници бараат секоја дејност сама да одлучува дали ќе работи на овој ден. Велат дека Владата го донела законското решение, без да ги земе предвид нивните забелешки и предлози.

И од спортските обложувалници со предупредување – ако ова законско решение не биде повлечено целосно ќе се загрози нивното работење зашто 70 отсто од прометот се реализира токму во недела.

Со одлука на Влада ова законско решение треба да стартува од октомври годинава.  На работниците ќе им се исплаќа и повисока дневница од 50 до 100 проценти, а ќе им следува и слободен ден.