За да не доцнат повеќе платите и за нивна редовна исплата, од Конфедерацијата на синдикалните организации бараат платата да се исплаќа до 5-ти во месецот, а не како досега до 15-ти.

– Плати сѐ уште нема. Платите доцнат во здравството, образованието, јавните претпријатија и други институции. Ние како Конфедерација на синдикални организации, имаме доставено барање, но еве и јавно кажуваме, во новиот Закон за работни односи ќе бараме платата да се исплаќа до петти во месецот, изјави на денешната прес-конференција претседателот на КСОМ, Марјан Ристески.

Тој додаде дека Синдикатот ќе бара средба со премиерот Димитар Ковачевски за да се решат проблемите со кои се соочуваат, а доколку не се случи тоа најави одржување протести.

Претседателот на Независниот синдикат во геријатрија, Лазо Костовски посочи дека од здравство секојдневно бегаат луѓе и оти се вработува несоодветен кадар што „не е за таму“.