Периодов течат огласи за нови вработувања на јавни службеници во повеќе институции на државно и локално ниво. По број на отворени работни места предничи Управата за јавни приходи, каде се предвидени 100 вработувања на различни позиции: даночни советници, референти, инспектори и друго. Огласот е отворен до 7 јануари.

Над 30 нови вработувања ќе има во Фондот за здравствено осигурување, низ подрачните единици во земјава и во Скопје. Се бараат стручни соработници, контролори и др. Во подрачната единица во Гостивар отворено е место за контролор на придонеси. Пријавувањето е до 3 јануари.

Оглас тече и за вработувања во Општина Гостивар за три службеници, во Министерството за надворешни работи за 6, во Министерството за труд и социјала за 9 итн.

Сите детално може да се најдат на страницата на Агенцијата за администрација.