Агенциите за недвижности предлагаат законски измени! За стимулирање на пазарот, физичките лица од регионот и од неевропските земји да можат слободно да купуваат недвижен имот во земјава.

Постојните законски прописи дозволуваат само граѓаните на ЕУ и САД да купуваат недвижен имот, додека граѓаните од земјите од регионот се дискриминирани, бидејќи мора да бидат правни лица. Агентите за недвижности од Струга велат дека има голем интерес за станови и куќи од потенцијални купувачи од соседните земји, но законот не им дозволува.

За дополнително стимулирање на пазарот на недвижности во земјава, потребни се промени и во кредитирањето на дијаспората. Иако се кредитоспособни, банките во земјава бараат жиранти

Во последните години, цените на недвижностите во земјава бележат континуиран раст. Според податоците на Народна банка, во последниот квартал од минатата година е забележан годишен пораст на цените на становите од 20,6%.