Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард, денес предупреди на намалена независност на централните банки, соочени со зголемени политички притисоци во помалку поволна економска средина.

„Во свет каде што условите стануваат сè потешки, предизвикот повеќе не е само да се зачува правната независност на централните банки, туку пред сè да се зачува кредибилитетот потребен за нејзино остварување“, рече Кристин Лагард во говорот во Пном Пен.

Независноста де факто се влоши кај речиси половина од централните банки кои претставуваат околу 75 проценти од глобалниот бруто домашен производ (БДП), нагласи таа, пренесе „Бета“.