Ланецот супермаркети „Шпар“ во Австрија поради енергетската криза одлучи да спроведе мерки за штедење. Така, „Шпар“ нареди намалување на осветлувањето во своите 800 објекти, со цел да се спроведат мерки за заштеда на електрична енергија.

Во објектите „Шпар“, „Еурошпар“, „Интершпар“ и „Максимаркт“ светлата се исклучуваат порано од претходно, надворешното осветлување е вклучено многу пократко – непосредно пред отворањето и по затворањето, јавува Танјуг.

Досега вообичаено беше да се вклучува надворешното осветлување од 6 до 22 часот, во зависност од светлината. Со исклучување на осветлувањето се очекува значително намалување на потрошувачката на електрична енергија за околу еден милион киловат часови годишно.

Ова, како што се наведува во соопштението, одговара на годишната потрошувачка на електрична енергија на 250 домаќинства.