Лебот нема да поскапи. Условите на пазарот не дозволуваат зголемување на цената, тврдат од Асоцијацијата на земјоделци.

Најавите за корекција на цената нагоре ги нарекоа шпекулација и од мелничко пекарската индустрија. Откупната цена на пченицата и јачменот оваа година биле пониски од ланските, а се стабилизираа и берзанските цени.

Откупната цена на пченицата и јачменот беше многу ниска. На јачменот 9 денари, на пченицата од 8 до 11 денари. Така да нема никаков основ за покачување на цената на лебот и пекарските производи, изјави Гоце Серафимовски, претседател на Асоцијација на земјоделци

Серафимовски смета дека трговците и мелничарите сакаат да профитираат на грбот на земјоделците, па затоа најавуваат поскапување. Нема основ за пораст ни на цената на лебот, ни на млечните и месни производи.

Откупувачите пред 2 месеци ја намалија откупната цена на млекото од 35, 36 денари, на 32, 33. Сега сакаат да го покачат сирењето и кашкавалот. Нема основ за тоа.

И детелината и јачменот се евтини годинива, односно евтина е храната, додава Серафимовски.

Лебот ќе се продава по стара цена, освен ако драстично не поскапат енергесните или електричната енергија, додава и претседателот на мелничко – пекарската индустрија .

Темата за зголемување на цената на лебот ја нарече шпекупалција. Ретерираат и од Агро бизнис комората, кој најавија поскапување од септември. За сега велат дека лебот ќе се продава по стара цена.

Вчера и министерот за финансии и за земјоделие побараат мелничарите да не шпекулираат со најавите за поскапување и доколку имаат аргументи за тоа – јавно да ги кажат.

Од економија пак не ја исклучуваат можноста за повторно замрзнување на цените, ако бранот поскпаувања на основните прехранбени производи продолжи.