Лекарите во Германија штрајкуваат поради долгото работното време и статичната плата. Многу јавни болници низ целата земја вчера ги одложија неитните операции и останаа оперативни само за итни интервенции. Лекарите бараат 5% зголемување на платите, постабилни сменски ротации, повисоки исплати за доаѓањето на повик и најмалку два слободни викенди секој месец. Синдикатот Marburger Bund ја отфрли понудата за зголемување од 2,8% во 2019 година, со дополнителен 2,5% пораст во 2020 година, според The Local.