Проширување и развој на понудата, подобро позиционирање на меѓународниот пазар, поголема процентуална исполнетост на сместувачките капацитети и развој на руралниот и еко-туризмот. Ова се клучните цели на кои ќе се фокусира Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот во претстојниот период, вели новата директорка Јасмина Лескаровска.