Левица денес на својот фејсбук го објави својот став во однос на породилното отсуство, погледнете во прилог:

Капиталистичкото општество е мошне сурово и воопшто не се грижи за потребите на работниците, како во однос на нивните работнички права, така и во однос на нивните останати права. Најдобар пример за тоа е породилното отсуство кое што е со утврдено времетраење од (најмногу!) 9 месеци, период кој што е недоволен за работничките-родилки!

Левица ја разбира потребата на работничките-родилки од подолго времетраење на породилното отсуство со цел успешно рехабилитирање и посветување на подолго време на семејството, затоа од исклучително значење е воведување на породилно отсуство во времетраење од 12 месеци!