Централната Банка на Швајцарија најави дека ќе направи нови монети со ликот на повеќекратниот грен слем шампион Роџер Федерер кој и со своите полни 38 години сеуште е еден од најдобрите тенисери во светот.

Ликот на Федерер ќе се појави на сребрена монета во вредност од 20 франци, која ќе биде издадена на 23 јануари 2020 година.

Златна паричка од 50 франци, исто така посветена на Федерер, но со различен дизајн, се планира да биде објавена во мај наредната година. Федерер ќе биде првиот човек во Швајцарија што ќе биде почестен со ваков гест додека е сеуште жив и притоа сеуште активен.

Владата изјави дека Федерер е веројатно најуспешниот индивидуален спортист на Швајцарија и нејзин совршен амбасадор од секој можен аспект.