Проценките покажуваат дека во 2025 година европскиот пазар на батерии ќе достигне 250 милијарди евра годишно

Литият - новото "бяло злато" за Португалия и Европа

“Колку повеќе копаш, толку повеќе откриваш”, вели со задоволство Дејвид Арчер, оператор на кран, кој меѓу изолирачката бучава, дроби гранитната карпа на далечните планини во Северна Португалија. Целта е да се измери содржината на литиум, кој се претвори во “бело злато”, откако се зголеми побарувачката на електрични батерии.

Арчер ја раководи британската рударска компанија Savannah Resources и раскажува пред Франс прес дека неговата компанија се надева да отвори во 2020 година “прв значаен литиум рудник во Европа” во повисоките делови на Ботикаш, во регионот на Вила Реал.

Savannah Resources објави дека ќе ја преиспита оценката за полињата во Мина ду Баросо кон зголемување на ископите за 44 проценти до 20,1 милиони тони руда со содржина на литиум од 1,04 проценти.
На 25 километри оддалеченост, во соседната општина Монталегри, португалската компанија Lusorecursos исто така тврди дека открила “најголемото наоѓалиште на литиум во Европа” или 30 тони руда со содржина на литиум од 1,09 проценти, чие извлекување ќе започне во 2020 година , вели директорот за финансии на компанијата Рикардо Пинеиро.

Овој метал со сребрено-бела боја, кој служи и за производство на литиум-јонски батерии за мобилни телефони и лаптопите, ќе биде се повеќе баран поради развојот на електричниот автомобил кој има потреба од помоќни батерии.

“Литиум би можел да чини колку златото за Португалија, бидејќи според наши проценки во 2025 година европскиот пазар на батерии ќе достигне 250 милијарди евра годишно”, вели заменик-претседателот на Европската комисија и комесар за енергетскиот унија Марони Шефчович.

Словачкиот комесар една година работи на проектот за создавање нова генерација на “зелени” електрични батерии во ЕУ кои се рециклираат и повторно се користат.

Првата фаза од овој проект е да ја намали зависноста на компонентата. Но Европа увезува 86 проценти од својот литиум, главно произведени во Чиле и Австралија.

Португалија сега е главен европски производител на литиум со 11% удел на пазарот, но производството главно се користи во керамиката и стакларијата.

Според европските експерти, прашањето е дали екстракцијата на литиум од депозитите во Португалија е економски оправдана, бидејќи пазарот е премногу конкурентен.

До крајот на годината португалската влада ќе објави меѓународен тендер за правата за истражување на десетина други потенцијални наоѓалишта, за да одговори на “големиот апетит на инвеститорите”, изјави за Франс прес државниот секретар за енергетика на Португалија Жорже Сегуру Санча.

Португалската влада не сака да се ограничи на добивање на процент од приносите од екстракција на литиум. “Сакаме да ја искористеме можноста и да ги развиеме производствените сектори, кои се поврзани со трансформацијата на минералот, производството на батерии, како и автомобилскиот сектор и обновливите енергии”, додаде Сегуру Санча.