Екипи на ЈУ Национален парк „Пелистер“ – Битола извршија засејување со елово семе во локалитетите Пелистер и Вртушка.

 

Станува збор за редовна акција и грижа за планината, посебно деловите во кои шумскиот појас е разретчен и затоа се врши засејување со елово семе, посочуваат од ЈУ Национален парк „Пелистер“.

 

Во соработка со универзитетски професори од Природно математички факултет и Шумарски факултет, тимови на ЈУ Национален парк „Пелистер“ неодамна извршија и обележување на хабитатни и дрвја семењаци, за што експеритите приредија едукативен тренинг, информираат од тамошната јавна установа.