Лондон го надмина Њујорк како град со најголема концентрација на милионери на планетата, објави лондонски Гардијан.

Дури 875.000 жители на Лондон, или околу еден од десет жители на главниот град на Велика Британија, поседуваат најмалку еден милион американски долари (820 илјади евра) – преку сопственост на недвижен имот, акции, деловни активности или банкарска сметка.

Од друга страна, дури два и пол милиони луѓе во Лондон, или 28 проценти, се класифицирани како „ луѓе кои живеат во сиромаштија“.

За споредба, 820.000 милионери живеат во најголемиот град во САД, Њујорк.

Просечната цена на една куќа во Лондон е дури 598 илјади евра. Токму оваа висока вредност на недвижен имот е причината што многу долгорочни сопственици се класифицираат како милионери.