На четири месеци до гроздоберот, лозарите се сретнаа со министерот за земјоделство. На синоќешната средба во Кавадарци, тие уште еднаш повторија дека итно е потребен нов закон за вино, кој ќе ја гарантира минималната цена на грозјето, неговата шеќерност, но и која количина ќе ја откупуваат винариите.

Лозарите велат дека законот ќе ги спречи манипулациите на производителите на вино, цената на грозјето да ја соопштуваат непосредно пред бербата.

Дел од лозарите се револтирани на честите промени на министри за земјоделство. Велат дека,

поради тоа, ниту еден од нив не можел да се зафати сериозно со решавање на проблемите во лозарството.

Новиот закон за вино е при крај и годинава треба да биде донесен, вели министерот за земјоделство Љупчо Николовски.

Министерот Николовски вели дека годинава за 30 отсто е зголемен извозот на вино во шишиња, што треба да биде приоритет на оваа земјоделска гранка.

На средбата присуствуваа и градоначалниците од околните лозарски општини, како и директорот на земјоделскиот инспекторат.