Одлуката за избор на Љубе Рајевски како нов член на Одборот на директори беше донесена на седница на Собранието на акционери на Триглав Осигурување АД Скопје.
Инаку Љубе Рајевски, еден од долгогодишните директори на Тутунска и потоа по преземањето и на НЛБ Банка, својата кариера ја продолжува во Триглав Осигурување АД Скопје.
Тој во областа на финансиите и банкарството е повеќе од триесет години, а при крајот на 2017 години реши од лични причини како што тогаш беше наведено да се откаже од менаџерскиот договор.
За нов независен неизвршен член на Одборот на директори на Триглав Осигурување АД Скопје е избран г-дин Љубе Рајевски, поранешен член на Управниот одбор на НЛБ Банка, неодамна објави компанијата преку Македонска берза.
Мандатот на Рајевски како новоизбран член на Одборот на директори е со времетраење од 4 години.