„Највисокиот износ на финансиска поддршка е 21 776 денари месечно по работник, согласно работното време, на кое е пријавен работникот“, изјави денес директорката на УЈП на прес-конференцијата на тема ,,Анализа на искористеност на мерката Финансиска поддршка за исплата на плата за месец ноември 2020 година“.

Според неа, износот на финансиската поддршка се пресметува врз основа на процентот на намалување на приходот.

„596 работодавачи кои што примија финансиска поддршка не ја исплатиле ноемвриската плата на 2421 вработен, а заклучно со 31 декември, 245 работодавачи не исплатиле плата на 782 вработени. На сите нив им е изречена опомена пред присилна наплата“, изјави Лукаревска, дополнувајќи дека кривичната одговорност е неопходна за ваквите фирми.