Просечната нето плата во месец мај порасна за 7,1 проценти во однос на истиот месец претходната година, соопшти Владата.

Таа сега изнесува 24.509 денари и е повисока за 1.600 денари на годишно ниво.

„Растот на платите е повторно силен во индустријата за производство на текстил, облека и кожа. Во производството на текстил зголемувањето на платите е 2.670 денари на годишно ниво, во производство на облека 1.764 денари, а кај производство на кожа на годишно ниво платата пораснала за 1.802 денари“, се нагласува во владиното соопштението.

Од Владата додаваат дека во мај има значаен раст и на платите во другите дејности како што се финансиите и осигурувањето, и информатичката и комуникациската дејност.