Македонците со својата плата можат да купат најмалку бензин во регионот. Бројките покажуваат дека со 462 евра просечна заработка се купуваат 402 литри гориво. Во Србија  – 409 литри, во Грција , каде просечната плата е 1,100 евра можат да се купат  дури 674 литри, а во Бугарија 528 литри.

Со најниска просечна плата во регионот, според премиерот Заев, кај нас има и најевтин бензин. Сепак, анaлизата на цената на горивата покажува дека најниски цени има во Босна и Херцеговина и во  Бугарија. Горивото е најскапо во Грција.

На стартот на летната сезона, граѓаните веќе прават калкулации колку ќе ги чини полн резервоар и каде да наточат за да заштедат.

Во најомилената дестинација – Грција,  литар безоловен чини 1,63 евра, дизелот 1,35 евра.  Хрватска е втора на листата. За литар безоловен граѓаните ќе платат 1,41 евра, а за дизелот  1,36 евра. Следна е Србија со 1,33  и 1,36 за дизелот . Во Македонија  евро е дизелот и 1,15 бензинот, а  Босна 1,02 евра. и помалку од евро дизелот .Бугарија 1,04,  Во Албанија цените за бензините се движат до 1,18, со 1,14 евра за дизел.

Ако возачот го наполни  резервоарот безоловен бензин кој во просек има околу 50 литри, во Србија  ке плати 65,6 евра., во Босна 51 евро, а во македонија 55,5 евра.

Со евентуалното усвојување на еколошкиот данок, горивата дополнително кај нас ќе поскапат за 3,5 денари по литар. Проценките на аналитачартите пак се дека цената на суровата нафта до крајот на година ќе расте и од сегашните 73 долари може да стигне до 80 долари за барел