Во трговијата на мало, во декември 2020 година, во споредба со декември 2019 година, намалување на прометот е забележан кај храната, пијалаците и тутунот номинално за 6,6 отсто, реално за 10 отсто, објави Државниот завод за статистика.

Намалување на прометот е забележан и кај трговијата на мало со непрехранбени продукти, освен гориво номинално за 15,8 отсто, а реално за 16 отсто, трговијата на мало, освен трговија со горива номинално за 11,5 отсто, а реално за 13,2 отсто и трговија на мало со автомобилски горива номинално за 25,8 отсто, а реално за 16,2 отсто.