Биоенерганите се еден од начините за намалување на емисиите на јаглерод во змјоделството и производството на храна и најголемите чистачи на органскиот отпад, смета Горан Георгиевски, кој учествуваше на регионалниот настан „Дијалог помеѓу засегнати страни за намалување на емисиите на јаглерод во земјоделството“. Целта на настанот беше да се поврзат клучните интересни групи како експерти, креатори на политики, земјоделци, владини агенции, научни институции, невладини организации и професори во областа на одржливото земјоделство и зачувувањето на животната средина.

-Македонија е на почеток на патот за ниско јаглеродно земјоделство, бидејќи нашите земјоделци се уште применуваат стари технологии. Причината што не се користат иновативните стратегии, најдобрите практики и технологии е економска. Затоа државата треба да го промовира развојот за одржливи земјоделски практики и направи стратегија да им помогне – додаде Георгиевски.

Инаку, АгФутура Технологии ДООЕЛ – Скопје е македонски партнер во проектот Јаглеродна иницијатива за земјоделство отпорно на климатски промени – КАРБОНИКА, финансиран од Програмата за истражување и иновации на Европската унија – Хоризонт Европа, во рамките на активностите за реализирање на проектот. Оттаму нагласија дека настанот претставува и можност за вмрежување, размена на знаења и искуства помеѓу заинтересираните страни.