Договорот за реализација на интерконективниот гасовод  Македонија – Србија ќе биде потпишан денеска, соопшти Владата на Македонија. Како што е најавено, и премиерот  Христијан Мицкоски, ќе присуствува на официјалниот почеток на имплементацијата на проектот за гасоводот  меѓу  Македонија и Србија. Претходно Мицкоски изјави дека Македонија планира да биде поврзана со терминалот за течен природен гас во Александрополис на почетокот на 2028 година и да овозможи транспорт на американски гас до Србија и Централна европа преку интерконекциската мрежа.

„Сега градиме линии што ќе ја поврзат земјата со Грција, и практично тој гасовод ќе оди до терминалот за течен природен гас во Александрополис. Имаме четири резервирани места на терминалот за течен природен гас во Александрополис. Значи, практично, овој интерконектор, овој гасовод, овој терминал во Александрополис ќе стане поефикасен, но тоа нема да биде доволно. Затоа инвестираме во северниот интерконекторски гасовод што ќе го поврзе нашиот национален гасовод со српскиот национален гасовод“, истакна Мицкоски.