Mинатата година според УНКТАД, Србија привлекла најмногу директни странски инвестиции во регионот, и тоа во вредност од 3,44 милијарди долари што е за скоро три пати повеќе од следната земја на листата Хрватска, која за 2020 успеала да привлече 1,3 милијарди долари.

По неа следат Албанија која за истиот период имала 1,1 милијарди. Црна Гора забележала СДИ во вредност од 529 милиони долари, додека пак Босна и Херцеговина остварила 371 милион долари.

Македонија успеала лани да привлече најмалку странски директни инвестиции и тие изнесувале 274 милиони долари.