Меѓународната организација на трудот објавила податоци за влијанието на пандемијата врз просечните плати и невработеноста во земјите низ светот. Според податоците од 2020 година просечната плата во многу земји останала иста или се намалила за време на пандемијата.

Просечната плата се намалила во Шпанија, Чешка, Словачка, Русија, Финска, Јапонија, Јужна Кореја, Виетнам, Мексико и во Јужноафриканска Република.

Меѓутоа, просечната плата се зголемила во повеќето земји, а најмногу во Канада. На второто место на листата на земји во кои просечната плата најмногу се зголемила е Македонија.

По нас се Бразил, Бугарија, Унгарија, Италија, Франција, Србија, Норвешка, САД и други земји.