Македонија, односно фирмите и граѓаните лани платиле 2.141 милион евра за увоз на енергенси и електрична енергија или околу 16,6 проценти од Бруто домашниот производ (БДП), што е речиси двојно поголемо зафаќање од БДП од 2021 (8,8 отсто).

Поконкретно Македонија плати 1.134 милиони евра за увоз на нафтени деривати, 579 милиони евра за увоз на електрична енергија, 380 милиони евра за увоз на гас и 48 милиони евра за увоз на јаглен, кокс и брикети.

Во својата анализа „Енергетската криза во Македонија во 2022“ објавена на порталот Пари обелоденува финансискиот експерт и поранешен вицегувернер на Народната Банка, Маја Кадиевска Војновиќ.

„Но затоа ова имаше позитивен ефект врз буџетот на државата. Приходите од бруто ДДВ и увозни давачки годишно пораснаа за 22,4% и за 17,6% соодветно, додека приходите од акцизата имаа солиден годишен раст во првата половина на годината од 9%, а во втората половина забележаа годишен пад од 7,2% при намалување на цената на нафтата на светските берзи и со тоа и цената на нафтените деривати“, вели Војновиќ.

Колку државата ја чинеше енергетската криза треба Владата да даде отчет кој се уште го нема, потенцира Војновиќ.

Повеќе за енергетската состојба во државата изразена низ бројки може да прочитата од анализата на следниот линк : https://pari.com.mk/energetskata-kriza-vo-makedonija-vo-2022-godina-niz-brojki/