Потреба од работници има – но не и таму каде што платите се највисоки. И покрај тоа што во Македонија има над 10.000 слободни работни места, најдобро платените позиции речиси и да не се достапни. Најновите статистички податоци откриваат дека најголема побарувачка за работници има во услужниот сектор и продажбата, додека најголемите плати остануваат резервирани за мал број професии.
Државниот завод за статистика (ДЗС) ги објави најновите податоци за состојбата на пазарот на трудво првото тримесечје од 2026 година. Според статистиката, во земјата има вкупно 10.247 слободни работни места, што претставува стапка од 2,07%. Истовремено, регистрирани се 484.199 пополнети работни места, што укажува на релативна стабилност на пазарот на труд.
Најголем недостиг на работници се бележи во секторот „сместување и послужување храна“, каде стапката на слободни работни места достигнува 4,94%. Веднаш зад него се административните и помошните услужни дејности со 4,80%.