Девизните резерви на крајот на мај годинава изнесувале 4.174.7 милиони евра и во однос на претходниот месец бележат зголемување за 51 милион евра, соопшти Народна банка.

Најголем дел од девизните резерви се пласирани во хартии од вредност (63,2 отсто), по што следуваат валутите и депозитите (27,1 отсто) и монетарното злато (9,7 отсто).