Македонија е прворангирана помеѓу земјите од Југоисточна Европа во 2018 според индексот на економска слобода објавен од Херетиџ фондацијата (The Heritage Foundation), со средна оценка над Европските и светските.

Во годишниот индекс Македонија е на 33-то место со вкупен скор од 71.3 поени од максимални 100. Нејзиниот генерален индекс бележи раст од 0.6 поени, со подобрени резултати во доменот на фискалната политика и слободата во инвестирањето и благ пад во интегритетот на владата и правната ефикасност.

Македонската економија е најдобро рангирана во однос на трговијата, бизнисот и монетарната слобода како и даночната регулатива.Комплетниот извештај можете да го погледнете на следниот линк.