Македонска берза го објави прегледот на финансиските податоци на котираните друштва за периодот 01.01-31.03.2018 година.
Од вкупно 101 компанија, 67 завршиле со добивка, а 34 компании завршиле со загуба за првиот квартал од 2018 година.
По профитабилноста повторно банкарскиот сектор се најде на врвот на табелата. Со 1.051.037.000 денари Стопанска банка АД Скопје е лидер на листата, потоа следува НЛБ Банка АД Скопје со нешто помала добивка од 967.415.000 денари и на третото место е Комерцијална банка АД Скопје со добивка од 966.608.000 денари.
Комплетниот преглед можете да го погледнете тука.