Македонската банка за обнова и развој преку Македонската берза соопшти дека во трговскиот регистар е запишана промена на називот на банката. Новиот назив на банката гласи Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје.

„Со промената на името, целокупната нова деловна коренсподнеција, фактури, нарачки, склучување нови договори или анекси ќе се реализираат со новото име на банката“, информираат од банката.