Индустриското производство во мај 2026 година е намалено за 2.0 % во однос на мај 2025 година

Според податоците на Државниот авод за статистика индустриското производство во секторот Рударство и вадење камен во мај 2026 година, во однос на мај 2025 година, бележи опаѓање од 3.6 %, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 2.6 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 6.1 %.

Намалувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на намаленото производство во следните оддели:

– Производство на прехранбени производи,
– Производство на пијалаци,
– Производство на тутунски производи,
– Производство на текстил,
– Производство на облека,
– Производство на хемикалии и хемиски производи,
– Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати,
– Производство на метали,
– Производство на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема,
– Производство на електрична опрема,
– Производство на машини и уреди, неспоменати на друго место и
– Производство на моторни возила, приколки и полуприколки.

Според главните индустриски групи, производството во мај 2026 година, во однос на мај 2025 година, бележи пораст кај Енергија за 6.5 % и Интермедијарни производи, освен енергија за  3.4 %, додека опаѓање бележи кај Капитални производи за 3.3 %, Трајни производи за широка потрошувачка за 1.1 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 8.4 %.

Индексот на индустриското производство во периодот јануари – мај 2026 година, во однос на периодот јануари – мај 2025 година, изнесува 99.7.

Најголемо влијание врз падот на индустриското производство во мај 2026 година, во однос на мај 2025 година, има намалувањето на производството во одделите: 

•    Производство на електрична опрема со 7.8 %
•    Производство на машини и уреди, неспоменати на друго место со 12.9 %
•    Производство на моторни возила, приколки и полуприколки со 2.3 %