Елена Фиданоска, сопственик на Macedonian Honey, за Иновативност го објаснува нивниот изум, иновативната кошничка за пчели Elle Hive, која е избрана, заедно со уште седум македонски стартапи, во март во Брисел да се натпреварува во финалето на StartUp Europe Awards 2017. Macedonian Honey со Elle Hive се натпреварува во категоријата клима и носи нов пристап во одгледувањето на пчели, кои се загрозени на глобално ниво

Човекот мора да направи се` за да ги заштити пчелите. Медоноската пчела е под постојн притисок и закана од климатските промени, а без неа во прашање се доведува опстанокот на огромен број растенија и овошки. На барање решение за овој проблем во последните неколку години активно работат Елена и Огњан Фиданоски од Macedonian Honey (SZS-FE), македонска семејна пчеларска фарма, која произведува одличен природен, еколошки мед.

Нивните кошници се поставени на планинскиот масив Бистра-Стогово во југозападна Македонија, близу градовите Дебар и Кичево, на 100 километри воздушна линија од Јадранското море, каде природата е полна со богата вегетација и медононски лековити билки како жалфија, нане, маточина, планински чај. Препознатливи се по тоа што не продаваат тегли, туку медот го пакуваат во мали специјални еколошки кесички, кои се за една употреба – Honeystick. Honeystick содржи дневна доза мед која на организмот му ја дава доволната количина на важни минерали и витамини.

Елена Фиданоска, сопственик на Macedonian Honey, за Иновативност го објаснува нивниот изум, иновативната кошничка за пчели Elle Hive, која е избрана, заедно со уште седум македонски стартапи, во март во Брисел да се натпреварува во финалето на StartUp Europe Awards 2017. Macedonian Honey со Elle Hive се натпреварува во категоријата клима и носи нов пристап во одгледувањето на пчели. Пчелите одгледани во Elle Hive стануваат посилни и нивниот генетски материјал им овозможува на идните генерации пчели полесно да се справат со предаторите и климатските промени. Macedonian Honey ја оформи и платформата International Bee-Station (IBS), која претставува заедница на поединци и фирми, кои сакаат да учествуваат и да го дадат својот придонес во зачувувањето на медоносната пчела.

(Разговараше- Сања Наумовска од Иновативност) кликни за целосниот текст