Македонскиот пазар на трудот се соочува со парадокси. Преку 10.000 слободни работни места, речиси 90.000 невработени, главно со ниско образование. Каде е решението? Говорат експертите и стопанствениците…
Македонскиот пазар на труд се соочува со парадоксална состојба. Од една страна имаме над 10.000 слободни работни места, а од друга-десеткратно невработени, ама со ниско образование.
Работодавците мора итно да инвестираат во домашната работна сила, за сезонците, домашни, или, странски, да не го нарушуваат стопанскиот тек. Смета универзитетскиот професор Димитар Николоски, експерт за пазарот на трудот.
Стопанството, пак, бара соодветни профили од образованието. Признава дека мора да се вложи во преквалификација на работната сила.
Експертите бараат побрзо да се донесе законот за социјални претпријатија
Македонскиот пазар на трудот ќе биде успешен ако институциите и стопанството го најдат заедничкиот јазик за тоа кои профили и занимања ни се потребни.