За бидат конкурентни на пазарот македонските компании мора да го поминат процесот на дигитална трансформација.

Во моментов фирмите во Македонија за продажба и растење на бизнисот користат нешто помалку од 20% од дигиталните алатки. Ваквиот процент ја сместува државата меѓу последните во регионот кога се работи за онлајн маркетинг и продажба. Скептицизмот и стравот од новите технологии, но и недоволната едукација се главните причини кои ги посочуваат експертите.

За да го поттикне бизнис секторот да ја прифатат новата дигитална реалност Центарот за развој на Југоисточниот плански регион реализираше серија работилници кои имаа за цел дигитално унапредување на компаниите.

Работилниците се дел од проектот Деловен еко систем BE IN финансиран преку Интерег ИПА програмата за прекугранична соработка со Грција.

Доколку македонските компании не се дигитализираат во иднина нема да може да се носат со начинот на функционирање на светот. За да не дојде до тоа  во наредните пет години неопходна е дигитална трансформација барем кај 40% од бизнисите.