Македонската туристичка понуда претставена на Белградскиот саем за туризам. Во фокусот ено-гастро концептот. Презентирани македонските вина и специјалитети. Земјава учествуваат под слоганот „Кога е одмор, не е тешко“.

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот заедно со Дојран, Гевгелија, Охрид, Ресен, туристичките организации, ХОТАМ, на Белградскиот саем за туризам ги презентираат македонските туристички потенцијали и за прв пат пофокусиран ено-гастро концептот, верскиот туризам преку манастирот Св. Јован Бигорски и винските рути кои во наредниот период треба да бидат туристички хит во понудата.

Очекувањата се дека 2023-та треба да го покаже зголемувањето на капацитетите на македонскиот туристички сектор и надминување на резултатите од 2019-та година, изјави Јаневски.

На Белградскиот саем беше одржана и прес-конференција за македонските туристички потенцијали и презентација на вината на малите семејни винарии, со македонски гастрономски специјалитети.