Во периодот јануари – март 2026 година, градежната оператива извршила градежни работи во странство во вкупна вредност од 4.5 милиони денари

Според податоците на Државниот завод за статистика во периодот јануари – март 2026 година, вкупната вредност на договорените градежни работи во странство изнесува 4 459 илјади денари, што е за  91.4 % помалку во споредба со истиот период од претходната година.

Во наведениот период, градежната оператива од Република Северна Македонија во странство извршила градежни работи во вкупна вредност од 4 457  илјади денари, што е за 78.5 % помалку во споредба со истиот период од претходната година.

Вредносните податоци за периодот јануари – март 2026 во однос на истиот период од 2025 година се дадени врз база на паритетот 1 САД долар = 52.3050 денари.

 

Во периодот јануари – март 2026 година во однос на истиот период од претходната година:

  • За  91.4% е намалена вредноста на договорените градежни работи во странство
  • За  78.5% е намалена вредноста на извршените градежни работи во странство