Македонското иновативно решение за кровни градини Семпервел се претстави на меѓународниот саем Анталија Експо 2022 наменет за иновативни земјоделски технологии и опрема, хортикултурни решенија, системи за наводнување, одгледување семиња и садници, како и за исхрана и заштита на растенијата, а кој се одржува во период од 23-26 ноември.

Семпервел е модул на кровни градини решение на македонската компанија ФОЈА, која е специјализирана за хортикултурно уредување, производство и продажба на декоративни садници. Со него се крати времето за изведба и се намалуваат трошоците за реализација на екстензивните кровни градини. Станува збор за квалитетно, трајно и одржливо решение кои ги прави кровните градини многу подостапни за сите. Може да се изведува на куќи, згради, компаниски објекти и други рамни кровни површини.

“Воспоставивме контакти и разговаравме за можности за пласман на овој иновативен производ првично на турскиот пазар, но и пошироко. Семпервел како решение има огромен потенцијал, и 100% придонесува кон зачувување на животната средина. Придобивките од Семпервел кровните градини се бројни но првенствено тие обезбедуваат: заштеда на енергија, го прочистуваат воздухот и ја намалуваат бучавата! Неопходни се во градските средини, посебно таму каде има огромна концентрација на бетон, недостиг на зелени површини и огромна концентрација на луѓе и автомобили. Анталија Експо 2022 е еден од најголемите и најзначајните саеми во светот каде се претставуваат земјоделски и хортикултурни иновации од целиот свет, што за нас е голем предизвик, но истовремено и можност за потврда на иновативноста и функционалноста на нашето решение”, изјави Ѓорѓи Самарџиев од ФОЈА.