Согласно договорот помеѓу „Макпетрол“ АД Скопје и „Гаспром експорт“, како и движењето на цената на природниот гас на светските берзи, „Макпетрол“ известува дека цената на природниот гас за февруари ќе се намали за 40% за мегават час, во однос на цената за месец јануари.

„Малопродажната цената на погонското гориво за моторни возила, метан (CNG), кој се продава на бензинските станици на Макпетрол се намалува за 41 денари за килограм во однос на цената од минатиот месец која изнесуваше 123,50 денари за килограм, односно новата цена ќе биде 82,50 денари за килограм или 58,40 денари за литар“, соопшти „Макпетрол“.