“Макпетрол ” преку Македонската Берза соопшти на денот на објавување на јавниот повик за учество на Годишното собрание на акционери на „Макпетрол“ А.Д. – Скопје има издадено вкупно 112.382 обични акции. До денот на објавата на јавниот повик 8.5.2018 година „Макпетрол“ А.Д.
Скопје има откупено 4.241 сопствени акции коишто преставуваат 3,77% од вкупниот број на акции. Вкупниот број на обични акции со право на глас на 8.5.2018 година изнесува 108.141 акции.
Друштвото предвидува дека дивидендата предложена за исплата во 2018 година ќе изнесува приближно 1.000 ден. бруто по акција