„Согласно договорот помеѓу „Макпетрол“ АД Скопје и „Гаспром експорт“, како и движењето на цената на природниот гас на светските берзи, цената на природниот гас за април ќе се намали за 13 отсто за мегават-час, во споредба со цената за март ова година, информира компанијата „Макпетрол“, која по пауза од три месеци, во април повторно го доби државниот тендер за набавка на гас.

– Малопродажната цената на погонското гориво за моторни возила, Метан (CNG), кој се продава на бензинските станици на „Макпетрол“ се намалува за 8 отсто, односно за шест денари за килограм (4,248 денари за литар) во однос на цената од минатиот месец која изнесуваше 75 денари за килограм. Новата цена ќе биде 69 денари за килограм или 48,85 денари за литар, додавааат од компанијата.