Многу земјоделски стопанства во Македонија се со мали површини за обработка. Ова е проблем за производството и профитабилноста на македонскиот аграр. Откупувачите и трговците се повеќе заинтересирани да се пазарат и да купуваат големи количества на храна и земјоделски производи кои земјоделците не можат секогаш да ги понудат…

Македонија има голем број земјоделци кои обработуваат мали површини. Расцепканоста на парцелите е проблем за поголемо производство и за намалување на трошоците.

Ситните производители мораат самите да се организираат и да работат со однапред договорено производство, советуваат експертите.

Обработливите површини се во просек од 1,4хектари, често расцепкани, оддалечени од патната инфраструктура и со големи трошоци.

Преработувачите, наместо од индивидуалните повеќе купуваат од поголемите производители, а недоверба меѓу фармерите и конзервната индустрија, го намалува договореното производство и ги прави ниски откупните цени.

Искуството покажува дека здружувањето во задругите е решение кое дава реални ефекти а земјоделците ги прави поголеми играчи на пазарот.

Овој процес се помага неколку години го и тоа со финансиска поддршка за основање на задруги во тековната година и одржување на работата на веќе постоечките.