Собранието денеска ќе ја почне 46. Седница на која се очекува на дневен ред да бидат ставени измените на изборниот законик.

Собранието денеска ќе ја почне 46. Седница на која се очекува на дневен ред да бидат ставени измените на изборниот законик, по скратена постапка, кои се однесуваат на избор на членови на ДИК, но и изборот на нов гувернер на Народната банка на Македонија (НБРМ).

Денеска е последниот работен ден на Димитар Богов како гувернер на народната банка. Седумгодишниот мандат на богов истекува денес. Се очекува предлогот на претседателот Ѓорге Иванов за прв човек на Централната банка Анита Ангеловска Бежоска да се најде на дневен ред на денешната собраниска седница.

По денешната редовна координација на пратеничките групи, ќе се знае дали спикерот Талат Џафери ќе ја закаже за денеска седницата за избор на нов гувернер. на Народната банка.

До сега само СДСМ се изјасни  дека Анита Ангелоска Бежовска е прифатлив предлог.

Јавноста не го слушна ставот на ДУИ и на ВМРО-ДПМНЕ за   новиот предлог на претседателот Иванов.

ВМРО-ДПМНЕ и понатаму не присуствува на координациите кај претседателот на парламентот.