Секоја сериозна компанија која нуди производи и услуги на пазарот мора да пронаоѓа нови техники да допре до своите потрошувачи, било тоа да користи стари или така наречени „пандемски“ маркетинг техники.
За таа цел, дигитализацијата е едно од совршените решенија за пристап до секој од нас. Сега е одлично време за инвестиции во дигитален маркетинг, но и во добра маркетинг стратегија.
Целта на овој онлајн семинар е да ги разработиме манипулативните маркетинг техники. Според истражувањата голем дел од потрошувачите сметаат дека самото рекламирање е еден вид на манипулација со нивните чувства, потреби и навики, а не така е мал и процентот и на оние кои сметаат дека најголемата манипулацијата на нивното потрошувачко размислување се одвива на социјалните медиуми, односно на смарт телефоните кои се дел од нашето секојдневие.
Програма:
–    Креирање на успешен слоган за маркетинг кампања;
–    Јасна и чиста порака до потрошувачот;
–    Креирање на успешна веб страна и нејзините содржини за време на пандемија;
–    Таргетирање на „специјални“ потрошувачи(лесно манипулативни демографски групи);
–    Манипулативни техники на продажба;
–    Важни компоненти за креирање на манипулартивна веб страна;
–    Дата менаџмент, што на кратко би значело архивирање на мислењето
на купувачите пред и за време на пандемијата;
–    Инвестиции во дигитален маркетинг: Facebook,Viber, Instagram, Twitter, Snapchat;
–    Предизвици и недостатоци од примената на дигиталниот маркетинг за време на пандемија.

Модул 1:
Креирање на успешна таргетирана кампања
–    Колку т.н успешна кампања е всушност успешна;
–    Креирање на слоган и порака;
–    Соодветен визуелен пристап;
–    Таргет групи;
–    Истражување на пазарот;
–    Пандемијата и ограничените ресурси: како со соодветен пристап;
–    Достапност за купување;
–    Истражување на јавното мислење: дали секогаш потрошувачите ја кажуваат вистината.
Модул 2:
Манипулативни техники за продажба
–    Како полесно да привлечете внимание кај потрошувачот без да станете напорен продавач;
–    Како да се заштитите од агресивната конкуренција;
–    Индивидуален и групен пристап;
–    Доста зборуваш, научи се да слушаш! Потребите на потрошувачите пред се и над се;
–    Пренесување на својата успешна приказна на потрошувачот.
Модул 3:
Препораки за однесување на компанијата во екот на продажбата после пандемијата

–    Креирање на „нова“ верзија на својата веб страна;
–    Смена на тактики на визуелизација: препознатливоста на брендот останува, се сменува само изгледот;
–    Евалуација на сработеното за време на пандемијата и нов пристап после тоа;
–    Соодветен маркетинг пристап;
–    Алокација на долгорочни и краткорочни ресурси- употреба на работниот потенцијал на компанијата.

Целна група:
Водич на маркетинг тимот во компаниите, службата на односи со јавноста, менаџмент, продажни асистенти

Предавач:
доц. д-р Викторија Трајков, доктор на економски науки, специјалност маркетинг и брендирање.

За сите учесници на обуката ќе биде обезбедено:    
•    Упатства за приклучување на „онлајн“-семинарот;
•    Материјали во електронска верзија.

Сите заинтересирани за учество  да се пријават најдоцна до 11.3.2022 година.