Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ на неговиот Фејсбук профил ја поздрави ратификацијата на законите од Иницијативата „Отворен Балкан“ од страна на Собранието со што граѓаните на Северна Македонија, Србија и Албанија добиваат можност да работат во која било од трите држави без да вадат работни дозволи.

-Паѓаат работните дозволи за граѓаните од Отворен Балкан! Преку регионална соработка и оваа иницијатива, а врз основа на европската пракса и принципи, овозможуваме слободен пазар на труд меѓу земјите од Отворен Балкан и повисоки плати. Со денешната ратификација на законите од Иницијативата „Отворен Балкан“ граѓаните на Северна Македонија, Србија и Албанија добиваат можност да работат во која било од трите држави без да вадат работни дозволи, без какви било бариери, без аплицирање и чекања, без административни трошоци, напиша Маричиќ на неговиот Фејсбук статус.