ЕСМ Снабдување има веб станица која е во функција од крајот на минатата година, на која се поставени најважните информации за нашите потрошувачи, како информации за локација на пункотвите и работното време, за центарот за грижа на потрошувачи, достапен е формуларот за е-фактура и договорот за снабдување како и електронскиот систем за плаќање на фактури.

На веб страницата ЕСМ Снабдување (esm-snabduvanje.mk) се поставени и известувања за дефекти во дистрибутивниот систем, изјави Александра Маројевиќ, помошник на директорот за производство од АД ЕСМ.

Апелира потрошувачите да ја користат можноста за електронско плаќање на фактурите за топлинска енергија преку веб страницата затоа што тоа е како што вели, најсигурен, наједноставен, најбрз и најекономичен начин на плаќање, односно без банкарска провизија, 24 часа во текот на денот, 7 дена во неделата при што уплатата се евидентира на денот на плаќањето.